(Фото/Видео) Парижани бегаат од градот


 

Жителите на Париз, главниот град на Франција во голем број ја напуштаат престолнината пред новите блокади чија цел е сопирање пораст на бројот новозаразени, пишува „Гардијан“.

Новите ограничувања, кои премиерот Жан Кастекс ги најави доцна во четвртокот, ќе стапат на сила денеска на полноќ и опфаќаат околу третина од жителите на земјата, вклучително и Париз и неколку региони на северот и на југот.

Владата инсистираше на тоа ова едномесечно затворање ќе биде поогранично од претходните две, со отворени училишта и неограничено време за вежбање на отворено.

Претседателот Емануел Макрон денеска инсистираше дека зборот заклучување не го опишува новиот начин на борба против корона вирусот.

https://twitter.com/may_bakkali/status/1372992284900405250?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1372992284900405250%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D03dd%3D19nav_category%3D78nav_id%3D1829722

Сепак, мерките со кои се забранува напуштање на парискиот регион многумина поттикнаа да го напуштат Париз и да се упатат кон подрачја со полесни мерки, како Бретања, југозападот на брегот на Атлантикот и Лион на југоисток.

Според Националната железница, возовите за тие дестинации се во потполност резервирани откако претходниот петок имаа 60-70 отсто пополнетост.