(Фото) Снегот го забели Белград. Откажани летови, бројни проблеми во сообраќајот


Во текот на ноќта и денот, во главниот град на Србија, Белград, падна обилен снег, што предизвика сообраќаен метеж во делови од градот и доведе до откажување на некои летови на аеродромот Никола Тесла.

 

Дополнително, во некои делови од Србија падна замрзнат дожд.

Портокалово предупредување за опасни временски услови е на сила во Белград, западна и југозападна Србија, Шумадија, Поморавље и источна Србија.