(Фото) Малку поинаква воена парада на Северна Кореја


Воената парада во Северна Кореја не помина како и обично, а Ким Јонг Ун донесе две важни одлуки.

Две работи недостасуваа на воената парада во Северна Кореја, па многу експерти тврдат дека ова се всушност двете најважни пораки од овој настан. Северна Кореја ја прослави 73 -годишнината од своето постоење со ноќна воена парада. Воената парада се одржа во главниот град, а се беше пренесено од државните медиуми, поднесувајќи фотографии од парадата со учесниците во портокалови заштитни костуми, но без балистички проектили.

Ким Јонг Ун, лидерот на Северна Кореја, присуствуваше на настанот каде армијата и Црвената гарда на работниците и селаните, најголемите цивилни одбранбени сили во земјата, маршираа во Пјонгчанг во средата на плоштадот Ким Ил Сунг, објави новинската агенција КЦНА.

Медиумите објавија фотографии од луѓе со портокалови заштитни костуми кои маршираат заедно со вооружени војници, а она што го привлече вниманието на сите беа гасните маски што ги носеа, па целата сцена остави донекаде застрашувачки впечаток. На парадата имаше и традиционално оружје, како што се ракетни фрлачи и противтенковски ракети. Сепак, според извештаите на медиумите, споменатите балистички проектили не беа прикажани, а Ким не одржа говор, за разлика од минатиот октомври, кога се пофали со нуклеарните способности на државата и покажа интерконтинентални балистички ракети без преседан. „Линиите за превенција на епидемија и Министерството за јавно здравје беа полни со патриотски ентузијазам за да ги покажат придобивките од социјалистичкиот систем ширум светот, додека цврсто ја штитат безбедноста на државата и луѓето од глобална пандемија“, наведува КЦНА.