Формално распуштен грчкиот парламент


Декрет на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, со кој се распушта парламентот објавен е вчера во грчкиот законодавен дом.

Со тоа формално се отвора предизборната кампања која ќе заврши на 7 јули кога ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори, пренесе АНА-МПА.

Грчкиот претседател го прифати барањето на премиерот Алексис Ципрас за распишување предвремени парламентарни избори, што беше формално упатено минатиот понеделник, откако владејачката Сириза изгуби на европските и локалните избори.

Новата седница на грчкиот парламент по парламентарните избори ќе биде одрќана на 17 јули, кога новите пратеници ќе положат заклетва.

Потоа ќе се формира претседателски одбор кој ќе го избере новиот претседател, потпретседателите и други функционери.