Форбс: Трамп повеќе не е меѓу 400 најбогати Американци
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе не е доволно богат за магазинот „Форбс“ да го смести на списокот 400 најбогати Американци.
Се проценува дека Трамп во моментот вреди 2,5 милијарди долари, што е 400 милиони долари под границата за годинешниот попис, јави бизнис магазинот.
Богатството му се намали за 600 милиони долари
Минатата година Трамп беше на 339 место на скалата, но „Форбс“ вели дека оваа година не влегол во првите 400 затоа што богатството му се намалило за 600 милиони долари од почетокот на пандемијата.
Според „Форбс“, технолошките акции, криптовалутите и другиот имот процветале во време на пандемијата.
„Но, недвижностите во големите градови, на кои се темели богатството на Трамп, не цветаа, исфрлајќи го поранешниот претседател од најексклузивниот национален клуб“, напиша магазинот.
Трамп на оваа листа првпат се најде во 1996 година кога беше на 368 место, а до 2016 неговата позиција се поместуваше само нагоре. Падот на трамп на листата на „Форбс“ почна да се забележува во 2016 година и од тогаш одеше само надолу, за годинава да го нема меѓу првите 400.