Фестивалот „Егзит“ не вели дека доаѓа во Скопје, како што се пофали Орце Ѓеорѓиевски

Најавагардниот и најлетрантиве рок-фестивал во регионот – „Егзит“ од Нови Сад наеднаш влезе во предизборната кампања во Македонија откако кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави дека бил постигнат договор главниот град од следната година да стане негова нова дестинација. Во неговата изјава има важна клаузула – проектот би се реализирал „ако тој победи на локалните избори во октомври“. Ако не победи ништо не се знае.
Од другата страна, официјалната комуникација на „Егзит“ во изминативе денови е поинаква, пишува „Рацин“: фестивалот најави глобална турнеја во 2026 година со создавање нови фестивали на повеќе локации ширум светот, по моделот на веќе постоечките спин-оф изданија како Sea Star (Хрватска) и Sea Dance (Црна Гора). Во истите пораки Египет се спомнува како една од точките на таа турнеја, а не како единствена или конечна „нова адреса“ на брендот. До овој момент, во нивните официјални канали не е објавена конкретна најавa за Скопје, само демант дека фестивалот трајно се сели од Нови Сад.
Дел од меѓународните музички медиуми во јуни–јули објавија дека по 2025 „Егзит“ излегува од Србија поради финансиски и политички притисоци, а 2026 ќе ја отвори „египетската“ етапа. И овде официјалните канали на фестивалот се повнимателни – наместо „преселба“, користат рамка на глобална турнеја и развој на нови изданија. Тоа остава простор за повеќе градови, но и подразбира дека секоја нова локација мора да биде експлицитно потврдена од организаторот. Досега, Скопје не е.