Ферстапен продава еден од своите автомобили за добротворни цели


Светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, собира пари за добротворни цели продавајќи еден од болидите што ги возел во своето слободно време.

Холандскиот тркач ја продава својата Honda Civic Type R на CarNext, платформа за онлајн продажба на автомобили и еден од неговите спонзори.

Автомобилот на Ферстапен ќе се продава на 23 декември во 12 часот по средноевропско време, со цена од 33.333 евра. Собраните пари ќе одат во добротворни цели.

– Само што ја возев колата за последен пат да видам дали е сè во ред и е супер, вели Макс во видеото на CarNext.