„Фероинвест“ почна со изведба на батериски системи за домаќинства, до 98% помали сметки за струја
ФЕРО ИНВЕСТ започна со изведба на Батериски системи за домаќинства, како начин за драстично намалување на месечните сметки за електрична енергија на домаќинствата кои имаат голема потрошувачка.
Со батерискиoт систем на ФЕРО ИНВЕСТ, кој содржи интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата, објектите стануваат независни од елктричната мрежа и имат напојување дури и кога ,,нема струја”, односно во случај на дефект во мрежата.
Како функционира системот?
Софтверското решението на ФЕРО ИНВЕСТ, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано во последните две години, во моментот претставува единствен модел за правилно дневно распоредување и целосно искористување на вишокот електричната енергија добиена од сонце, со што батерискиот систем работи според потребите на корисникот и остварува најголеми заштеди. Софтверското решение може да се примени на домаќинства, комерцијални згради, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.
Фотоволтаични панели поставени на објектот се поврзуваат со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и со центарот за мониторинг на ФЕРО ИНВЕСТ.
Решението обезбедува енергетска независност на објектот. Имено, во текот на денот, кога постои поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, наместо да се влече електрична енергија од мрежа, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Во објектот има панел на кој корисникот постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда.
(Комерцијален текст)