ФБИ: Напаѓачот им пукал во грб на израелските дипломати, продолжил и откако паднале на земја

Мажот осомничен за убиство на двајцата вработени во израелската амбасада во Вашингтон се наведнал над нив и продолжил да пука откако тие веќе биле на земја, соопшти американското ФБИ.
Елиас Родригез, 31, е обвинет за убиство на Сара Милгрим и нејзиното момче, Јарон Лишински. Пријателите и членовите на групите на кои им припаѓале убиените рекоа дека двојката била посветена на градење мостови меѓу Арапите и Евреите со надеж дека ќе се запре крвопролевањето на Блискиот Исток.
На снимката што се појави по нападот се гледа Родригез, по потекло од Чикаго, како извикува „Слобода, слобода за Палестина“ за време на апсењето.
Подоцна беше откриено дека Лишински купил веренички прстен и планирал да ѝ предложи брак на Милгрим следната недела.
Американските власти го истражуваат ова злосторство како чин на омраза кон еврејската заедница, но и како тероризам.
ФБИ во обвинението наведува дека снимките од безбедносните камери го покажуваат убиството на Сара Милгрим и Јарон Лишински, вработени во израелската амбасада во Вашингтон.
Според ФБИ, Елиас Родригез бил виден на видео како поминува покрај двојката откако го напуштиле музејот, а потоа им пука во грб.
Откако паднале на земја, Родригез се издигнал над нив и испукал уште неколку куршуми, се наведува во документот.
DC Jewish Museum suspected terrorist Elias Rodriguez fired 2 dozen shots. RODRIGUEZ DESERVES THE DEATH PENALTY
After firing several shots at Yaron Lischinsky, 28, and Milgrim, 26, until they collapsed, Rodriguez leaned over the bullet-riddled couple, and continued firing. He… pic.twitter.com/VJM18kn9l3
— LionHearted (@LionHearted76) May 22, 2025
Потоа на видеото се гледа како Милгрим се обидува да се оддалечи од местото на нападот, но Родригез ја следи и повторно пука во неа, според ФБИ. Потоа го наполнил оружјето и ја застрелал Милгрим додека таа се обидувала да седне.
Потоа Родригез истрчал кон музејот, каде што побарал да разговара со полицаец, наведувајќи дека „тој го направил тоа“ и дека не бил вооружен.
Според обвинението, тој им рекол на полицајците: „Го направив тоа за Палестина, го направив тоа за Газа, не сум вооружен“.
Елијас Родригез, 31, е обвинет дека отворил оган врз група луѓе во среда навечер додека тие излегувале од настан за млади дипломати организиран од Американскиот еврејски комитет, група која го поддржува Израел и се бори против антисемитизмот. Официјалните лица изјавија дека откако бил уапсен, се слушнал како скандира „Слободна Палестина“.
Покрај убиство од прв степен, Родригез е обвинет за убиство на странски службени лица, предизвикување смрт со огнено оружје и пукање со огнено оружје во насилно кривично дело. Жртвите на Родригез беа идентификувани како 30-годишниот Јарон Лишински и 26-годишната Сара Лин Милгрим, млад пар кој требаше да се сврши.
Претставникот на ФБИ, Стив Џенсен, изјави дека осомничениот Елиас Родригез не му е познат на бирото, но истражителите ги прегледуваат неговите профили на социјалните мрежи и ги контактираат неговите соработници. ФБИ верува дека Родригез дошол во Вашингтон на работна конференција еден ден пред нападот.
Заменик-директорот на ФБИ, Ден Бонгино, објави на социјалните мрежи дека истражителите се „свесни за одредени списи за кои се тврди дека ги напишал осомничениот“. Изјавата на Бонгин се чини дека се однесува на манифест потпишан со името на Родригез, кој беше објавен на анонимен профил на X во среда навечер, кратко пред пукањето.
Во него се осудува убивањето на Палестинци од страна на Израел по нападот на Хамас во октомври 2023 година и се дискутира за „моралноста на вооружената акција“. Израел се соочува со континуирана меѓународна осуда поради неговата ескалација на воената офанзива во Газа, додека еврејските групи за застапување предупредуваат на пораст на антисемитските инциденти низ целиот свет.