Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител

Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител.
Сељами е раководител на Подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем. Неговата кандидатура ја поднесе пратеникот Беким Ќоку од партијата Вреди.
Тој е дипломиран правник и магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Има положено и правосуден и нотарски испит.
За негов избор е потребно да гласаат најмалку 61 пратеник во Собранието, како и да се обезбеди бадинтерово мнозинство – односно најмалку 20 гласа „за“ од вкупно 39 пратеници што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.