Европските социјалдемократи бараат ЕПП да го исклучи Јанша како „тројански коњ“ на Трамп
Социјалистите и социјалдемократите од ЕУ бараат од Европските народни партии да го исклучат од членство Јанез Јанша оценувајќи го како закана за демократијата на Европа, поради поврзаноста со крајно десничарските сили наклонети на Доналд Трамп, „кој се стреми да ја ослабне, потчини, па дури и да ја купи Европа“.
Ираче Гарсија, лидерка на Групата на социјалдемократите изјави:
„Тука сме во Љубљана за да ги поддржиме словенечките социјалдемократи кои покажаа дека се во контакт со луѓето, дека претставуваат силна прогресивна алтернатива и дека Словенија е клучен член на европското семејство. Словенија е жив пример за тоа што е во прашање во Европа. Изборот е јасен: силна, демократска иднина во срцето на Европа или лизгање кон маргините под екстремизмот на крајната десница.
Затоа во Љубљана, групата на С&Д одобри декларација со јасна порака до Европската народна партија: исклучете ја партијата СДС на Јанез Јанша поради нејзиниот антиевропски пат. Европа не смее да ги повторува грешките од минатото со помирување на силите што ја еродираат демократијата. Во европското демократско семејство не смее да има место за партии кои се усогласуваат со оние кои претставуваат директна закана за европскиот проект, нашата безбедност и суверенитет.
Категорично ги отфрламе авторитарните практики, нападите врз независните медиуми, притисокот врз организациите на граѓанското општество, дискриминацијата врз малцинствата, негативните реакции врз правата на жените и ограничувањата за мирно собирање и здружување. Не смее да има место за сили слични на ICE на словенечките или на европските улици.Само преку демократија можеме да обезбедиме конкурентност и пристоен живот за Европејците“, рече таа.
Матјаж Немец, европратеник од S&D и шеф на словенечката делегација, додаде:
„Оваа посета на S&D во Словенија ја одразува нашата заедничка посветеност на зајакнување на социјалната демократија и зајакнување на поправедна, инклузивна и ориентирана кон луѓето Европска Унија, цврсто заснована на нејзините основачки вредности – мир, просперитет, развој и солидарност.
„ Популизмот често се крие зад квазилиберални или конзервативни идеи кои имаат малку заедничко со реалните потреби на луѓето.Ова се рефлектира и во соработката со најголемото европско политичко семејство, Европската народна партија, со партии кои го отелотворуваат популизмот, како што е СДС во Словенија.Затоа социјалдемократите низ ЕУ мора да работат заедно за да ги бранат политиките и вредностите што веќе се вградени во клучните документи на ЕУ: социјална правда, еднаквост, човекови права и владеење на правото.Ги отфрламе политиките што ги фаворизираат тесните елити и големиот капитал на сметка на луѓето. Нема да ја оставиме иднината на ЕУ на популистите или на сопствениот интерес“, порача тој.
Од комунист во младоста, политичкиот став на Јанша се насочи кон десно во текот на неговата политичка кариера. Од либерален, продемократски дисидент под комунистичко владеење стигна до десничарски тврдокорен лидер, опишан како крајно десничарски од страна на „The Independent“ и „Foreign Policy“ во 2020 година. Го нарелуваат „словенечкиот Трамп“ од „Der Spiegel“ и „мини-Трамп“.
Јанша е близок сојузник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, иако не се согласува со него по неколку точки. Јанша постојано изразуваше поддршка за Украина во војната против руската инвазија во 2022 година, а исто така поддржува санкции против Русија и зголемена воена помош за Украина. Иако Јанша беше критичен и кон функционирањето на европската интеграција, како премиер ги почитуваше европските договори. Неговата партија, исто така, остана членка на групата на Европската народна партија од десниот центар.