Европа под вршник: Екстремните температури го направија животот пекол (галерија)

Во 16 градови во Италија е издаден црвен аларм. Во Македонија температурата стигна до 40 Целзиусови степени. Идната недела ќе биде уште потопло


 

Во шеснаесет градови ширум Италија се издадени со црвени аларми додека јужна Европа продолжува да доживува жестоки горештини и се соочува со можност за рекордни температури.

Рим, Фиренца и Болоња се меѓу областите погодени од топлотниот бран, а синоптичарите сугерираат дека температурите на Сицилија и Сардинија би можеле да се искачат до 49 степени Целзиусови, што би било најжешкото досега забележано во Европа.

Црвените аларми значат дека дури и здравите луѓе би можеле да бидат изложени на ризик од жештината, а италијанската влада ги советуваше оние во областите на тревога да избегнуваат директна сончева светлина помеѓу 11 и 18 часот.

Исто така, ги предупреди луѓето да се грижат особено за постарите и ранливите.

Неколку области во Грција, Франција и Шпанија, исто така, претрпеа екстремни температури, со извештаи за колапс на туристи во Грција и Италија, а работник на отворено умре во близина на Милано.

Во Македонија температурите се исто така екстремни. За овој викенд метеролозите најави дека тие ќе достигнат 40 степени, а нараедната недела тие ќе се искачат за уште неколку степени погоре. Македонија е во портокалова фаза, а на граѓаните им се советува да не излегуваат на сонце од 11 до 17 часот. Зголемени се повиците во Итна помош за интервенции.  

Ада Циганлија во Белград (Фото: ЕФЕ)
Скопје (Фото: Б. Грданоски)
Луѓе се разладуваат во фонтаните во Рим (Фото: ЕПА)

Во последните денови, температурите во Грција достигнаа 40 степени Целзиусови или повеќе. Волонтерите делеа шишиња со вода на туристичките места, а властите презедоа необичен чекор и накратко го затворија Акропол во Атина во петокот за време на најжешкиот период за да ги заштитат посетителите од жештината. Слично затворање би можело да се повтори и во сабота.

Исто така, постоеше загриженост дека топлината може да предизвика шумски пожари во земјата, за кои грчката влада најави планови за вонредни ситуации.

За прв пат беше воведена забрана за луѓе кои работат во градежништвото и секторот за испорака во најжешките часови од денот. Вработените во јавниот и приватниот сектор во Атина беа охрабрени да работат од далечина.

Во Севилја, Шпанија, темепратурата во градот достигна 52 степени (Фото: АФП)
Разладување во фонтаната во Монпелје, Франција (Фото: АФП)

Во Шпанија, Црвениот крст им порача на луѓето во близина на шумски пожари да останат во затворени простории и да ги затворат прозорците.

Интензивната топлина е предизвикана од областа со висок притисок, неофицијално наречена „Кербер“, според повеќеглавото куче во грчката митологија, кое донесе топол воздух од Африка во Европа.

Топлиот воздух, кој задржува повеќе влага од студениот воздух, може да доведе до топли и суви услови во некои области, а во други обилни дождови и поројни поплави.

Глобалното загревање ги прави овие крајности посилни и почести, рече Алваро Силва од Светската метеоролошка организација. „До 2050 година, околу половина од европското население може да се соочи со висок или многу висок ризик од топлотен стрес во лето“.

Со крема за сончање во Атина (Фото: АФП)
Дури под Мон Блан во Франција е жешко (Фото: АФП)

Високите температури се очекува да продолжат и во следната недела. Европската вселенска агенција, која ги следи температурите на копното и морето преку своите сателити, соопшти дека Италија, Шпанија, Франција, Германија и Полска може да забележат екстремни услови.

Според синоптичарите, уште еден топлотен бран следната недела во Италија, кој некои го нарекоа Харон – фигурата во грчката митологија која ги носи душите во подземјето – може да предизвика температурите да надминат 40 степени Целзиусови.

И другите делови на Европа ги очекува невообичаено топло време. Метеоролошката служба на Чешка предупреди дека температурите би можеле да надминат 38 степени Целзиусови за време на викендот.

Делови од САД, Кина, Северна Африка и Јапонија исто така доживуваат топлотни бранови.

За да останат безбедни на екстремни горештини, на луѓето им се препорачува да пијат вода, да избегнуваат директно изложување на сонце, да носат лесна облека, да нанесуваат крема за сончање и да избегнуваат кафе и алкохол, кои дехидрираат.