„Еверест“ – Скопје доби нов снек бар


Иако асоцира на планината Монт Еверест, до новиот ресторан за брза храна „Еверест“, лоциран во Веро центар , се стига лесно- доволен е мирисот на квалитетно кафе. 

Интернационалниот бренд, кој во Грција и регионот има повеќе од 200 ресторани на најпрометни локации, познат по уникатните сендвичи и најквалитетно кафе, денеска официјално ги отвори вратите на новиот модерен локал и во македонската метропола.

Голем број посетители на првиот ден од отворањето беа нестрпливи да пробаат од широкиот избор на уникатна, вкусна храна и свежо приготвени пијалаци, како и од популарните сендвичи на „Еверест“ кои секој потрошувач ги приготвува според сопственикот вкус.

Покрај „Еверест“, дел од портфолиото на „Веро“ се и франшизите за „Џамбо“ маркетите (Jumbo), за ресторанот за брза храна „Гудис“ (Goody’s) и за популарниот ресторан за самопослужување „Фул плејт“ (Full plate) во состав на Веро центар.