Еве на кој датум треба да ја украсите елката за да не ве бие малер


Езотерични експерти тврдат дека датумот на украсување на елката е многу важен. За да привлечете среќа и просперитет во вашиот дом, изберете еден од овие датуми:

18 декември

Се верува дека украсувањето на елката на овој датум, во пресрет на Свети Никола, привлекува просперитет и финансиска стабилност во куќата и животот. Идеално е покрај елката да ставите мал подарок за деца, што укажува дека е од Свети Никола. На целата атмосфера ќе и даде дополнителен празничен карактер.

22 декември

Доколку сте уморни од животните проблеми и неволји, идеално би било да ја украсите елката на 22 декември. Оние кои веруваат во езотеризам велат дека овој датум ќе донесе заштита за вас и вашето семејство во текот на целата година.

24 декември

Се верува дека на овој датум оние луѓе кои имаат градина и фарма што ја обработуваат треба да ја украсат елката, бидејќи на тој начин ќе привлечат богата жетва.

25 декември

Ако ја украсите елката на денот на Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар, ќе привлечете здравје, среќа и љубов во вашиот дом.

28 декември

Се верува дека оние луѓе кои ќе ја украсат елката на 28 декември ќе ја заштитат куќата од зло. Добро е на овој ден да се прочита молитва за здравјето на целото семејство.