Еве како се протестира во „Франкештајн режимот“ на Путин (ВИДЕО)


Во русија и денес продолжуваат апсењата на тие што сакаат да покажат почит кон Алексеј навални, а медиумите избегнуваат практично какво било спомнување на неговото име. Според видеата што циркулираат од Русија прашање е дали властите  воопшто ќе толерираат пристоен погреб на рускиот опозиционер, откако вчера и денеска се собираат и цвекињата што ги оставаат руските граѓани од страна на полицијата .

Уличните интервјуа со московјаните за убиството на Навални го олицетворуваат менталитетот на екстремно ропство на современите Руси. Сите знаат дека Путин го направи тоа и – тоа е во ред.