Еве како се подготвуваат полнетите пиперки во Унгарија: Не додаваат вода и користат посебна состојка

Иако изгледа едноставно да се полнат пиперките со месо и ориз, постојат неколку трикови и чекори што треба да се следат за да бидат совршени секој пат.
Првото нешто што можете да го „надградите“ е сосот во кој се готват. Наместо да додавате вода, користете супа или вишок бистра супа од месо и зеленчук. Дополнително, исечкајте малку сланина, пржете ја и додадете ја во сосот.
Ако сте љубител на зачинета храна, слободно додадете малку лута пиперка. Сите овие додатоци ќе дадат посебен мирис, а пиперките ќе бидат уште повкусни.
Друг одличен додаток што ќе даде малку поинаков вкус е масло или намаз со вкус на лук – додадете една лажичка во филот.