Еве како Путин му одговори на Вучиќ што не дојде на самитот на БРИКС


Александар Вучиќ ја одби поканата на Путин на самитот на БРИКС, а наместо него отиде вицепремиерот Александар Вулин. Рускиот претседател воопшто не бил задоволен.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, плашејќи се од можна реакција на западните сојузници, ја одби поканата на Владимир Путин да се појави на самитот на БРИКС.

Наместо него, во Казан пристигна вицепремиерот Александар Вулин, а тој потег не му се допадна на Путин.

Вицепремиерот на Србија во Русија беше пречекан од обичен функционер, претседателот на Државниот совет на Татарстан, Фарид Мухаметшин.

Со тоа Путин му испрати јасна порака на Вучиќ за неговото „играње“ со неговата покана и гостопримство.

Имено, на Александар Вучиќ му требаше еден месец да одговори на поканата на рускиот претседател Владимир Путин да дојде на Самитот на БРИКС кој од 22 до 24 октомври се одржува во Казан.

Вучиќ прво ја одбил поканата, па почнал да се предомислува, а на крајот ја одбил поканата.

„Бев многу искрен со претседателот Путин и му кажав дека тоа е закажано порано, но не го криев и му кажав – почитуван господине претседател, и да ги нема овие посети, ќе ми биде исклучително тешко поради разни работи кои многу добро ги знаете, верувам дека ја разбирате Србија“, рече Вучиќ.