Еве како изгледаше внатрешноста на авионот од кој паѓаа Авганистанци – во него се тискаа 640 бегалци
Илјадници Авганистанци се обидоа да ја напуштат земјата во понеделникот со авиони што ги евакуираа луѓето од Кабул. Подоцна истиот ден, беше објавена фотографија од внатрешноста на авион, на која беа натискани дури 640 луѓе.
Американските војници пукаа во воздух за да ја растераат толпата откако илјадници Авганистанци се обидоа да фатат спасувачки лет пред да ја преземат власта талибанците.

Во очај, некои од луѓето, кои не успеаја да се качат на авионот, се фаќаа за надворешната страна на авионот за време на полетувањето. Се појави вознемирувачка снимка на која се гледа како луѓето паѓаат од авион во лет.
Набргу по вознемирувачката снимка, се појави фотографија објавена од „Дифенс уан“, на која се гледа како 640 Авганистанци се втурнати во авион Ц-17, кој вообичаено превезува до 150 патници.
“The Crew Made the Decision to Go:” Inside Reach 871, A US C-17 Packed With 640 Afghans Trying to Escape the Taliban | @TaraCopp and @MarcusReports https://t.co/lf3LajxzzX pic.twitter.com/6wg82LtfRc
— Defense One (@DefenseOne) August 16, 2021