ЕУ усвои нови санкции; на листата се ќерките на Путин и милијардерот Олег Дериспаска
Европската унија усвои нов пакет санкции против Русија и ентитетите кои се поврзани со Кремљ. Деталите беа објавени во петокот.
Тие вклучуваат:
- Замрзнати средства и забрана за патување за 216 лица, вклучувајќи ги двете ќерки на Владимир Путин, Ехатерина Тихонова (37) и Марија Воронцова (37).
- Засегнати се и Герман Греф, шеф на Сбербанк, најголемата руска банка; производител на оружје и милијардер Олег Дерипаска; и портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков
- Санкции на уште 18 фирми, вклучително и пет од најголемите банки во Русија
- Забрана за увоз на јаглен, прва акција што ЕУ досега ја презеде против енергетскиот сектор на Русија
- Забраната за увоз на други стоки – вклучувајќи дрво, вотка и хемиски производи – се проценува дека сочинува најмалку 10% од целиот увоз од Русија
- Забрана за извоз на стоки, вклучувајќи гориво за авиони и транспортна опрема
- Забрана за извоз на технологии вклучувајќи квантни компјутери, напредни полупроводници и електроника од високата класа
- Забрана за руски бродови да ги користат пристаништата на ЕУ
- Забрана за руски и белоруски камиони да влезат на територијата на ЕУ, освен ако не носат медицински производи, храна или хуманитарна помош