ЕУ дојде во Киев со план како да ја спаси Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот Володимир Зеленски одржаа заедничка прес-конференција по нивните разговори во Киев на ноември. притоа таа најави сеопфатен пакет на помош која треба да и помогне на Украина да го преживее американското политичко предавство. Изјавата на Фон дер Лејен дојде за време на нејзината официјална посета на Киев на третата годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина.
„Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент. Можам да објавам дека нова исплата од 3,5 милијарди евра за Украина ќе пристигне веќе во март“, рече фон дер Лајен.
Во 2025 година, ЕУ се очекува да и обезбеди на Украина 35 милијарди евра финансиска помош во рамките на кредитната иницијатива на Г7 за вонредно забрзување на приходите и програмата за Украина.Европскиот блок вети дека ќе придонесе со 18,1 милијарди евра за заемот од 50 милијарди долари за Украина поддржан од Г7, кој ќе биде отплатен од приходите од руските средства.
ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија 134 милијарди евра (140 милијарди долари) за поддршка на Украина од почетокот на сеопфатната војна, повеќе од која било земја, нагласи во говорот Лајен.
„Благодарение на нашиот Украински инструмент и заемот од Г7, ја затворивме буџетската дупка на Украина за целата 2025 година“, нагласи таа.
Таа најави исто така итна испорака на оружје и муниција за Украина, додавајќи дека земјата има високо иновативна одбранбена индустрија и дека ЕУ ќе инвестира во неа, за да ја зацврсти одбраната на Украина но и да ја зацврсти својата. За таа цел таа најави специјален самит на кој ќе се расправа за инвестициите во одбарана. Лајен најави и помош за безбедност на енергетскиот сектор од 1,8 гигавати, инвестиции во фотоволтаици во Украина, како и целосно интегрирање на енергетскиот пазар на Украина во европскиот.
„Никој не сака повеќе мир од Украинците, но тој треба да биде праведен и одржлив“, рече Лајен повторувајќи дека ЕУ ќе остане да ја поддржува Украина се додека треба со обука, со оружје и со финансиска поддршка. Таа наедно најави и нов 16-ти пакет на санкции за Русија.
На самитот во Киев, по повод тригодишнината од војната, покрај Лајен беа и шпанскиот премиер Педро Санчез, канадскиот премиер Џастин Трудо, летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс, литванскиот претседател Гитанас Науседа и естонската премиерка Кристен Михал пристигнаа набргу по претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и фон дер Лајен. Други лидери, вклучително и финскиот претседател Александар Стуб, данската премиерка Мете Фредериксен, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, исландскиот премиер Криструн Фростадотир и шведскиот премиер Улф Кристерсон се исто така во главниот град. Борис Џонсон, поранешниот премиер на Обединетото Кралство, е исто така во Киев.