Есер Џевахир почесен конзул на Северна Македонија во Турција
Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене.
Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џевахир, министерот Османи истакна дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции.
-Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република Северна Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи, истакна Османи стои во соопштението.