Како го направивме | КАКО БЕА СОЗДАДЕНИ ВАЖНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА (5)

Ерно Рубик: Како ја направивме Рубиковата коцка

„Првиот пат ми требаа недели да го најдам решението: има 43 квинтилиони пермутации!“… Ерно Рубик со неговата ќерка Ана во 1981 година

Гардијан

„Експериментирав во станот на мајка ми, користејќи дрво, гумени ленти и штипки за хартија за да направам прототип. Ми требаше некој вид кодирање за да им дадам смисла на ротациите на коцката“

Рубиковата коцка беше една од најголемите сензации во последните 20 години од 20. век. Иако таа во основа е играчка, пронаоѓањето на решението ставаше под мисла десетици милиони луѓе дали се доволно паметни да го решат она што изгледа на прв поглед многу едноставно. Можеби најинтересната приказна околу оваа играчка-загатка е што Рубиковата коцка дојде од зад Железната завеса, од Унгарија. И се рашири на запад. Еве што зборува за неа Ерно Рубик (77), човекот што ја измисли магичната механичка коцка и како таа го проби патот прво во Европа, а потоа во светот.

 

Професорот Ерно Рубик, пронаоѓач

Во средината на 1970-тите предавав дизајн на Академијата за применета уметност во Будимпешта. Барав начин да им покажам 3Д движење на моите студенти и еден ден се најдов себеси како зјапам во реката Дунав, гледајќи како водата се движи околу камчињата. Ова стана инспирација за механизмот за извртување на коцката. Фактот дека тоа може да го направи без да се распадне е дел од неговата магија.

Експериментирав во станот на мајка ми, користејќи дрво, гумени ленти и штипки за хартија за да направам прототип. Ми требаше некој вид кодирање за да им дадам смисла на ротациите на коцката, па затоа го користев наједноставното и најсилното решение: основните бои. Ставањето на налепниците на готовата коцка беше многу емотивно. Знаев дека е револуционерно. Во моментот кога почнав да ги извртувам страните, можев да видам дека тоа беше соодветна загатка – но она што не го знаев е дали може да се реши. Ми требаа недели: има 43 квинтилиони пермутации!

Имаше два важни моменти со коцката. Едниот беше кога структурата конечно работеше, особено затоа што изгледаше толку тешко да се направи. Да се проработи и да се разберат основите беше многу добро чувство. Пред да го имам работниот модел, толку многу се концентрирав на техничките прашања што всушност немав решение за коцката. Кога беше направена, морав да размислувам за начини да ја решам загатката. Се чувствував прилично среќен кога на крајот најдов практично решение.

Откако го најдов решението, знаев дека може да се продаде. Но, ми требаа три години да ја изнесам на пазарот. Прво, фирмата наречена Политехника ја произведе како „Бувош коцка“, или „Магична коцка“. Тогаш еден продавач наречен Тибор Лаци ми рече дека може да ја дистрибуира од другата страна на железната завеса. Оттогаш ме опиша како „ужасно облечен, кој изгледа како просјак, со евтина унгарска цигара која ми висела од устата“.

Тој ми рече дека можеме да продадеме милиони и ја однесе на саемот за играчки во Нирнберг во 1979 година, каде што ја виде Том Кремер, кој беше клучот за добивање на глобална дистрибуција. Сепак, секогаш се држев на дистанца од деловната страна. Се чувствувам повеќе како татко на дете: мојата коцка инспирираше илјадници „превртени загатки“ и изненаден сум како таа продолжува да ги возбудува новите генерации. Луѓето земаа коцки под вода и во вселената. На 40-годишнината, бев во Њујорк за да го видам Емпаер стејт билдинг како свети во своите бои.

Ако не можете да решите Рубикова коцка, не значи дека не сте паметни. Тоа е само тест за една работа и никој не е добар во сè, вели нејзиниот изумител

Никогаш не замислував дека ќе стане глобално лудило. Стана најпродаваната играчка на сите времиња, со продадени 350 милиони. Неодамна повторно беше соборен и светскиот рекорд. Сега изнесува неверојатни 5,25 секунди. Тинејџерите се најбрзи. Имав 30 години кога се роди коцката, така што никогаш не бев во иста лига. Мојот просек секогаш беше околу една минута.

Ако не можете да решите Рубикова коцка, не значи дека не сте паметни. Тоа е само тест за една работа и никој не е добар во сè. Постои заблуда дека девојките не се снаоѓаат добро со нив, но тоа не е точно.

 

Дејвид Кремер, претседател на брендот Рубик

Том Кремер, раниот ментор на коцката, е мојот татко, така што јас бев еден од првите луѓе во Британија што ја добија. Го правев моето А-ниво и се покажа како фантастично одвлекување на вниманието. Според татко ми, коцката не беше голема сензација на саемот за играчки во Нирнберг: тоа беше само мала работа во споредниот дел на овој огромен настан. А неговата љубопитност ја разбуди само тоа што ги слушна луѓето задолжени за коцката како зборуваат унгарски, многу необичен јазик. Тој отиде, погледна и се вклучи.

Тој ги лиценцираше правата на компанијата Ideal Toy и таа стана првата загатка што некогаш била рекламирана на ТВ. Компанијата беше во салонот на последната шанса. Имаа игри како KerPlunk, но се соочуваа со огромни долгови. Рубиковата коцка ги спасуваше неколку години, но до 1983 година, откако беа продадени 300 милиони, сите имаа по една. Коцката отиде од најголемата мода на светот на нула: имаше илјадници натрупани во магацини.

Во 2013 година, ги стекнавме правата и ја основавме Rubik’s Brand Ltd за да се бориме со многуте фалсификати и авторските права на трговската марка. Сега продаваме 10 милиони годишно. Тоа е речиси онаа што ја измислил професорот Рубик, иако неодамна изнесовме верзија каде што плочките се обликувани во боја, а не налепени – затоа што измамниците ги вадат налепниците! Има уште една, наречена Празнина, која е како Рубикова коцка, но со дупка во средината. Можеби всушност е потешко да се реши.

Мојот син може да реши Рубиковата коцка за помалку од една минута, но луѓето генерално се импресионирани ако воопшто можете да ја решите.