Ердоган повика на национално единство против заканите кон Турција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика пратениците, политичките партии и целата нација да се обединат против сите закани, напади и стапици, чија цел е да го уништат националното единство на 82 милиони луѓе.
– Го повикувам секој еден од нашите 82 милиони граѓани да го заштити заедничкиот интерес на Турција, рече Ердоган во обраќање пред пратениците на вечера во Парламентот.
Тој додаде дека политичката конкуренција не треба да го спречува обединувањето во земјата.
Турската Врховна изборна комисија на 6 мај одлучи да ги поништи и да ги повтори локалните избори во Истанбул, а прегласувањето го закажа за 23 јуни.
– Ако можеме да ги надминеме безбедносните закани со кои се соочуваме денес, економските напади и замки со цел уништување на нашето национално единство, може да се надеваме дека ќе живееме во сосема поинаква Турција во 2023 година, рече Ердоган.
Истакнувајќи ја важноста на пратениците и улогата на политичките партии, Ердоган истакна дека „треба да се растури оваа голема игра чија цел е турското национално единство“.