Ентони Блинкен свиреше со украински бенд во познат бар во Киев
Државниот секретар на САД ја зеде гитарата за да ја отсвири Rockin’ in the Free World на Нил Јанг
Тоа беше неочекуван момент на крајот на долгиот ден во Киев за Ентони Блинкен, по бројните состаноци на високо ниво и сериозни изјави кои ветуваа брза испорака на американската воена помош. Државниот секретар зеде гитара и ја изведе преработката на Rockin’ in the Free World на Нил Јанг со украински рок бенд.
Сликите, брзо споделени на социјалните мрежи, го подели мислењето во Украина, при што некои ги поздравија како добредојден гест на поддршка, а други ја доведуваат во прашање оптиката на настап во бар додека ситуацијата на фронтот е толку напната.
Блинкен излезе на сцената во „Барман диктат“, добро познат бар во централен Киев сокриен во подрум во дворот и му се придружи на украинскиот бенд 19.99.
„Вашите војници, вашите граѓани – особено на североисток, во Харков – страдаат огромно“, рече Блинкен пред да свири. „Но, тие треба да знаат, вие треба да знаете, САД се со вас, толку голем дел од светот е со вас и тие се борат не само за слободна Украина, туку и за слободниот свет. И слободниот свет е со вас, исто така“.
На бендот пред настанот му беше кажано дека ќе го свират Нил Јанг, рече еден член, но од нив беше побарано тоа да го чуваат во тајност. Дури во последен момент сфатија дека нивен гостин ќе биде државниот секретар на САД.
„Тој се поврзуваше со очите, со нашиот водач на бендот, со мене… Тоа беше нашиот прв настап на сцената, но се чувствуваме како да бевме бенд две години“, изјави гитаристот Арсен Горбач за Би-Би-Си Радио 4 во средата.
Горбач рече дека изборот на песната дошол од Блинкен и ја опиша изведбата како „многу важна точка од украинската историја и културна историја“.
Други не беа толку сигурни, со бурни критики во некои кругови за соодветноста да се свири во бар додека ситуацијата на првата линија се влоши во последните денови.
Руската офанзива околу регионот Харков ја влоши и онака тензичната ситуација, со повлекување на украинските војници од неколку села и интензивни борби околу градот Вовчанск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја откажа посетата на Шпанија подоцна оваа недела, очигледно за да се справи со ситуацијата дома.
Песната, напишана во 1989 година, непосредно пред уривањето на Берлинскиот ѕид, стана химна на надминување на репресијата, иако текстот е далеку од ода за САД и нејзината мисија за ширење на демократијата.
„ We got a thousand points of light / For the homeless man / We got a kinder, gentler machine gun hand“, стои во еден стих.