Енис Барди е новиот капитен на македонската фудбалска репрезентација


Енис Барди официјално ќе биде новиот капитен на македонската фудбалска репрезентација. Играчот на турски Трабзонспор и порано ја имаше улогата на заменик-капитен, а сега ја презема лентата откако Стефан Ристовски ги откажа настапите за националниот тим. 

Фудбалерот од средниот ред долго време настапува за „рисовите“ и досега има забележано 58 настапи, „зачинети“ со четиринаесет погодоци. Барди е секогаш еден од лидерите на тимот и без него Македонија понекогаш изгледа навистина бледо на теренот. 

Поранешниот играч на Леванте премиерно како официјален капитен ќе ја носи лентата на двата натпревари кои Македонија ќе ги одигра во септемврискиот циклус од евро-квалификациите, против Италија и Малта. Најпрво се соочуваме со „аѕурите“ на 9 септември, а три дена подоцна гостуваме кај Малтежаните.