„Емирати“ забранува пејџери и воки-токи на летовите


Авиокомпанијата „Емирати“ со седиште во Дубаи им забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови откако минатиот месец беа активирани уреди што ги користеше либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат до, од или преку Дубаи им е забрането да носат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж“, се вели во соопштението на авиокомпанијата објавена на нејзината веб-страница во петокот. Се додава дека сите забранети предмети ќе ги конфискува полицијата во Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радија користени од членовите на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека Израел е одговорен за нападот, но тој не ја презеде одговорноста. Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, исто така, објави дека летовите кон Ирак и Иран остануваат суспендирани до вторник, а до Јордан ќе бидат обновени во недела.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах поддржан од Иран, вклучително и нападите во близина на аеродромот во Бејрут. Неколку други авиокомпании, исто така, ги прекинаа летовите кон Бејрут и другите регионални аеродроми поради зголемените тензии.