ЕМА: Вакцината Фајзер може да се чува во обичен ладилник до еден месец
Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача во понеделникот да го продолжи времето на чување на вакцините Pfizer / BioNTech на нормална температура во ладилник од пет на 31 ден, со што ќе се олеснат логистичките предизвици за спроведување на вакцинацијата.
Оваа препорака се однесува само на неотворените ампули, објаснува ЕМА.
Европскиот регулатор ја издаде препораката врз основа на дополнителни студии за стабилноста на вакцините, поднесени на евалуација од две партнерски компании, пренесува Хина.
Американските власти во февруари одобрија складирање и транспортирање на вакцината на стандардни температури во фрижидер од два до осум Целзиусови степени најмногу две недели, наместо вообичаените минус 80 до минус 60 степени Целзиусови.
ЕУ повика на значително зголемување на производството на вакцини во Европа и потпиша нов договор за набавка на 1,8 милијарди дози Pfizer / BioNTech откако во Унијата пристигнаа значително помалку вакцини за корона вирус на AstraZeneca отколку што се очекуваше.