Елон Маск загуби 50 милијарди долари за два дена


Елон Маск загуби 50 милијарди долари оваа недела откако акциите на неговата компанија Tesla Inc. имаа пад на вредноста втор ден по ред.

Тоа е најголемиот пад за два дена откако се мери личното богатство според индексот на милијардери на Блумберг и најголемиот еднодневен пад кога Џеф Безос изгуби 36 милијарди долари веднаш по разводот во 2019 година.

Загубата на Тесла доаѓа среде турбулентните неколку дена за најголемиот производител на електрични автомобили. Сè започна кога основачот на компанијата Маск ги праша своите следбеници на социјалната мрежа Твитер за време на викендот дали треба да продаде 10 отсто од својот удел во компанијата, по што следеше веста дека неговиот брат Кимбал ги продал акциите непосредно пред гласањето.

Конечно, имаше извештај од Business Insider за Мајкл Бери – инвеститор кој стана познат по филмот „The Big Short“ – во кој се вели дека Маск можеби сака да продаде акции за да ги покрие своите лични долгови.

Сегашниот пад на акциите ја намалува предноста на Маск пред Безос како најбогат човек во светот на 83 милијарди долари разлика. За прв пат во јануари, Маск го надмина основачот на Амазон „во борбата за таа титула“, а јазот меѓу нив неодамна се зголеми на дури 143 милијарди долари, што е цифра поголема од нето вредноста на Бил Гејтс, четвртиот најбогат човек на светот.

ARK Investment Management, кој продаде акции на Тесла во текот на изминатите неколку месеци, загуби повеќе од 750 милиони долари од продажбата на акции, додека основачот на Oracle, Лари Елисон, вториот најголем поединечен акционер на компанијата, загуби околу 2,1 милијарди долари, пренесува Бизнис.рс.

И покрај падот, богатството на Маск е зголемено за 70 отсто од почетокот на оваа година, благодарение на придобивките на Тесла врз основа на силниот раст на заработката и бројот на испораки и повисоката вредност на SpaceX. Пазарната капитализација на Тесла остана над билион долари, која беше постигната минатиот месец откако резултатите во третиот квартал значително ги надминаа пазарните очекувања и кога компанијата за изнајмување автомобили Hertz Global Holdings Inc. нарача 100.000 примероци од автомобилите на Тесла.