Рапиден раст на инфекциите од короната во Германија


Коронавирусните инфекции растат експоненцијално растат во Германија, изјави во вторникот експерт од Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ (РКИ), додавајќи дека ризикот од вакцината на „АстраЗенека“ против короната е релативно низок.

Бројот на пријавени случаи на 100.000 жители во вторникот беше 83,7, наспроти 68 пред една недела, а РКИ соопшти дека метриката може да достигне 200 до средината на следниот месец.

„Ние сме точно на крилото на третиот бран. Тоа веќе не може да се оспорува. Во моментот кога ги олеснивме ограничувањата тоа го забрзува експоненцијалниот раст“, изјави Дирк Брокман, епидемиолог во РКИ, за германската телевизија АРД.

Канцеларката Ангела Меркел и покраинските лидери се согласија на фазно олеснување на почетокот на овој месец заедно со „сопирачката за итни случаи“ за да им дозволат на властите повторно да воведат ограничувања ако бројот на случаи се искачи над 100 на 100.000 во три последователни дена.