Експлозија во болница во Украина – има жртви

Едно лице загина, а уште едно е повредено денеска во експлозија на кислород во болница во градот Чернивци на западот на Украина.
Експлозијата се случила на вториот кат од болницата во време на ручекот, пренесе Ројтерс.
Евакиурани се 20 лица, соопшти службата за вонредни ситуации не прецизирајќи како дошло до експлозијата.