Економскиот сектор создал 1143 илјади тони отпад, 1,79 отсто опасен


 Секторите со економска активност во земјава во текот на 2018 година создале 1.143 илјади тони отпад, од нив 98,21 отсто е неопасен,а 1,79 отсто опасен отпад, објави Државниот завод за статистика. 

Податоците укажуваат дека најмногу отпад создава преработувачката индустрија – 531 илјади тони или 46,54 отсто.

Во оваа  година вкупно се третирани 1.142 илјади тони отпад. Количеството на рециклиран отпад изнесува 524 илјади тони.  Најмногу сe реcиклирале отпаdоци од  железен метал, необоени метали, отпадоци од хартија и картон и од пластика.

Од создадениот отпад, 1.145  тони се складиран отпад.