Еко-зелено движење ќе ги учи беровчани за ризикот од пожари

Здружението за еко-животна средина- зелен раст и одржлив развој ЕКО-ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ Берово, во соработка со Центарот за климатски промени -Гевгелија, Ве покануваат да присуствувате и да го проследите јавниот настан за превенција од шумски пожари со наслов ,,Оганот не простува а шумата е живот’’ кој ќе се одржи на 26 јули 2025 година (сабота) со почеток од 18.30 часот на Плоштадот во Берово.
Јавниот настан има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните и туристите за ризикот од шумски пожари, едукација за превенција, безбедна реакција и заштита, зајакнување на институционалната соработка, поттикнување на локални партнерства меѓу сите чинители како и вклучување на децата и нивните семејства преку креактивни активности и пораки.
На настанот активно ќе земат учество претставници на Општина Берово, ТППЕ Берово, подрачно одделение за заштита и спасување, ЈП Национални шуми/ Шумска полиција, НЗ Приватни шуми, доброволно противпожарно друшство Пехчево и локалната градинка од Берово.