Египет ќе војува за Синај, ако Израел сака таму да ги протера Палестинците


Египетскиот премиер изјави денес дека неговата земја е подготвена да „жртвува милиони животи“ за полуостровот Синај, очигледно повикувајќи се на извештаите за нацрт-предлогот на израелското Министерство за разузнавање во кој се предлага префрлање на 2,3 милиони жители на Појасот Газа во Египет. Премиерот Мустафа Мабдулу исто така се закани на Израел дека нема да дозволи етничко чистење на Појасот Газа на штета на Египет.

Една недела по нападот на Хамас, израелското Министерство за разузнавање издало таен документ на десет страници во кој се заговара протерување на палестинското население од Газа во северен Синај, во Египет. Во планот точка по точка стои: 

1. Да им се наложи на палестинските цивили да се евакуираат од северна Газа пред копнените операции;
2. Секвенцијални копнени операции од север кон југ во Газа;
3. Патеките низ Рафа да се остават чисти;
4. да се воспостават градови со шатори во северен Синај и да се изградат градови за преселување на Палестинците во Египет.

Документот е потврден од официјален претставник на Министерството за разузнавање, според хебрејскиот веб-сајт Мекомит кој првично го објави документот. Мекомит истакна дека документите од Министерството за разузнавање сепак се советодавни и не се обврзувачки за извршната власт.

Наспроти ваквите израелски планови, амбасадорот на САД во Брисел, Метју Милер денес изјави декаИзраел мора да преземе мерки за заштита на Палестинците од насилството на израелските екстремисти доселеници, да ги повика на одговорност напаѓачите и војниците од израелската армија кои стојат настрана или не успеваат да интервенираат.

„Јасно и ставивме до знаење на израелската влада дека овие напади треба да престанат и одговорните треба да одговараат“, рече Милер.