Една од најубавите модели открива како подготвува маска за лице за совршен тен
Моделот Џордан Дан го сподели својот рецепт за маска за лице со куркума.
Еден од најбараните модели на денешницата, убавицата со темна кожа Џордан Дан, го сподели својот генијален трик кој и помага да постигне совршен тен. Додава еден зачин на маската за лице – куркума!
Куркумата многумина ја нарекуваат супер храна, не само што го подобрува вкусот на јадењата туку е корисна и за убавина! Нутриционистите го препорачуваат како додаток во исхраната бидејќи благотворно делува на организмот, а светските ѕвезди го користат дури и за нега на лице и тело.
Некои познати личности толку многу го сакаат овој зачин што го користат дури и како маска за лице!
„Двапати неделно ја правам маската за лице дома“, изјави Џордан Дан за британскиот „Гламур“. Мешам јогурт, мед и неколку лажички куркума – тоа е мојот омилен зачин бидејќи има антиинфламаторни својства и е одличен за акни, досадна кожа, па дури и за уморни темни кругови.
Советите на козметологот, како и на Џордан, е да внимавате добро да ја исчистите кожата по нанесувањето на маската, бидејќи на лицето може да останат дамки од куркумата која има силен пигмент.