Една година затвор за патник што покажал лажен ковид тест во Белгија
Патник кој бил откриен на аеродромот во Брисел со фалсификуван PCR-тест е осуден од судот во Брисел на една година затвор, пишува Де Стандард.
Тоа е прва ваква казна откако белгиските власти објавија во април дека ќе ги гонат ваквите злосторства. Помеѓу 19 април и 11 јуни, 576 лица се фатени со фалсификуван PCR-тест на аеродромот во Брисел.