Џил Бајден со живописен изглед им читаше на децата во Белата куќа


САД- Првата дама ја усогласи празнично украсената трпезарија во зелено-бело за средбата со  децата. Поранешната професорка по англиски јазик носеше зелен фустан со кратки ракави и лелеаво здолниште. Принтот на шумско зелениот фустан имаше големи бели цветови и жолти лисја. Носеше жолти салонки.

Првата дама Бајден седна во прекрасно украсената соба во Белата куќа откако ја откри темата за познатите божиќни украси на Белата куќа, „Подароци од срце“.Ова не е прв пат Бајден да биде забележана како носи жолта боја . 

Има тенденција да ги фаворизира класичните, елегантни силуети. Првата дама редовно носи разновидни потпетици од брендови како Валентино, Стјуарт Вајцман и Џими Чу.