Џери Хол бара изддршка од Руперт Мардок


Англија- Славната манекенка Џери Хол официјално поднесе барање за развод од милијардерот Руперт Мардок.

Хол, 65, поднесе документи во Врховниот суд на Калифорнија во Л.А. Каунти, дознава „Пипл“. Таа ги наведе непомирливите разлики и бара изддршка од брачниот другар. Таа, ист о така, бара Мардок (91) да ги плати трошоците за нејзиниот адвокат.

Во својата пријава, таа вели дека „не е свесна за целосната природа и обемот на сите средства и долгови и дека ќе го измени ова барање кога ќе се утврдат информациите“. Истото важи и за имотот на двојката.

Мардок има 30 дена да поднесе одговор.

Барањето за развод на Хол доаѓа Њујорк Тајмс минатиот месец објави дека Хол и Мардок се разведуваат. Најблиските, наводно, биле шокирани поради разводот.

Сега веќе поранешната двојка се венча на граѓанска церемонија во Спенсер Хаус во Лондон на 4 март 2016 година.

Тие почнаа да се забавуваат во летото 2015 година, откако беа претставени од една од сестрите на Мардок и неговата внука во Австралија. Тие ја објавија својата свршувачка следниот јануари и голем дел од нивната романса ја задржаа приватно.

Нивниот развод не се очекува да влијае на неговиот удел во бизнисите како Фокс њуз и Волстрит журнал бидејќи акциите на неговото семејство за компаниите што ги основал се сигурни и во фонд според Тајмс.

Додека беше во брак со Хол, Мардок посредуваше за договор вреден 71,3 милијарди долари со кој го продаде најголемиот дел од 21st Century Fox на The Walt Disney Company во 2019 година, по Variety. Тој е претседател на корпорацијата Fox и ги надгледува изданијата The Wall Street Journal и The Sun, заедно со издавачот на книги Харпер Колинс. По славната манекенскакариера, Хол се појавуваше во филмови како Бетмен.

Ова ќе биде четврти развод на Мардок. Медиумскиот магнат се ожени со својата прва сопруга Патриша Букер во 1956 година, пред да се разведат во 1967 година. Истата година се ожени со Ана Марија Торв. Тие се разведоа во 1999 година, истата година кога Мардок се ожени со третата сопруга Венди Денг; тие се разделија во 2013 година. Неговиот брак резултираше со шест деца.

Џери Хол и Мик Џегер

Ова беше прв брак на Хол. Таа беше во врска со рокерот Мик Џегер повеќе од две децении и заедно имаат четири деца.