„Џејмс Веб“ откри планета потенцијално погодна за појава на живот

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА, преку вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ откри нова планета којашто ја нарече ТВА 7б (TWA 7b). Телото е оддалечено 34 светлосни години од Земјата, има маса околу 100 пати поголема од Земјата и сместена е во област што е потенцијално погодна за појава и развој на живот.
Инаку, планетата е позната и како прва откриена со директна слика, од страна на „Џејмс Веб“, којшто користеше техника со висок контраст што овозможува да се видат бледи објекти покрај светли ѕвезди. Планетата орбитира околу младата црвена џуџеста ѕвезда ТВА 7, инаку опкружена со диск од прав, објави „Еј-би-си њуз“ (ABC News).
Прелиминарните анализи посочуваат дека станува збор за млада планета, со температура од околу 49 Целзиусови степени, што е поволен предуслов за развој на живот.
Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде планети со мала маса во близина на ѕвездите. Се очекуваат, според наводите, и нови сознанија за создавањето и структурата на планетарните системи.