Џефри Сакс тврди дека Макрон, во приватен разговор, го обвинил НАТО за војсната во Украина


Професорот Џефри Сакс, директор на еден од истражувачките центри на Универзитетот Колумбија, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон во приватен разговор го обвинил НАТО за избивањето на војната во Украина.

Сакс пренесе дека Макрон, за време на негово обраќање преку видео-линк на прославата на италијанскиот весник „Il Fatto quotidiano“ во Рим, одржал вообичаен говор, но во неформален разговор при доделување на Легијата на честа на професорот, бил многу поотворен.

– Приватно ми рече нешто што никогаш не го кажува јавно: за оваа војна е виновно НАТО. Сакам да знаете, бидејќи ми е непријатно, го цитира Сакс францускиот претседател.

Самиот професор одамна зазема слични позиции, критикувајќи ја западната политика кон Русија и стратегијата на НАТО за ширење. Тој додаде дека мир во Украина е можен, но само доколку Европа се ослободи од „русофобијата и воените планови“ и отвори перспектива за дипломатско решение.