Џафери: Нема правен основ за нарко-тест на пратениците
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би можела да се реализира иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, за нарко-тест на пратениците.
„Ве информираме дека, во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група“, се наведува во соопштението од кабинетот на Џафери.
Од кабинетот на Џафери велат дека пратениците и вработените во Собранието одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба: ,,Последниот систематски преглед се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година”,соопштуваат од таму.