Две намирници кои не се мешаат со диња: Ќе направите „карамбол“ во стомакот


Fresh melons sliced on wooden plate

Која храна не треба да се комбинира со дињи?

Сезоната на дињи сè уште трае, овде можете да најдете различни видови од овој вкусен зеленчук (да, дињите официјално спаѓаат во групата на зеленчук од семејството на краставици), а еден од најпопуларните е „ананасот“. Во септември се и поевтини, па домаќинките вредно ги прелистуваат рецептите во потрага по најдоброто, за да не го искористат поволниот момент. Некои нутриционисти дури тврдат дека се поздрави од лубеницата, но кога станува збор за нивна комбинација со друга храна и пијалоци, треба да бидете внимателни.

Познатиот руски нутриционист Маријат Мухина вели дека овој сладок зеленчук не треба да се комбинира со алкохол, особено пиво, ниту со ферментирани млечни производи.

Според неа, оваа комбинација на храна може да доведе до дигестивни проблеми, вклучувајќи надуеност, дијареа, грчеви и гадење.

„Доколку имате проблеми со запек, од друга страна, оваа комбинација би можела да биде решение бидејќи има лаксативно дејство“, објасни Мухина.

Во однос на дињите, пак, постојат некои митови, кои ги „отфрли“ друг експерт од областа на здравата исхрана. Нутриционистката Олга Шестакова откри дека теоријата дека водата и другите пијалоци не треба да се пијат за време и после јадење диња бидејќи можат да го нарушат варењето е всушност мит. Според неа, желудникот одлично „работи“ на делење на храната на фракции и е прилагоден да вари различни намирници, често во исто време.

За тоа како да се избере најдобриот „примерок“ од овој зеленчук, гастроентерологот Екатерина Кашук рече дека кората на зрелата диња треба да биде еластична, малку да се свиткува кога ќе се притисне. Ако дињата е премногу тврда, веројатно се уште не е зрела за консумирање.