Двајца Палестинци претепани до смрт од израелски доселеници на Западниот Брег

Израелски доселеници претепаа до смрт двајца Палестинци во напад на окупираниот Западен Брег, соопшти Министерството за здравство на Палестинската самоуправа. Едниот бил американски државјанин.
Израел го истражува инцидентот во селото Синџил, каде што армијата соопшти дека биле фрлани камења кон Израелците. Палестинските медиуми соопштија дека доселениците го започнале судирот поради нелегалните згради на доселениците во близина на Синџил, кои веќе ги има во изобилство на Западниот Брег. Палестинците се обиделе да започнат протест, но десетици доселеници им го блокирале патот и ги нападнале.
Двајцата убиени биле на 23 години. Палестинските медиуми објавија дека уште 10 лица се повредени.
مصادر محلية: مستوطنون يهاجمون قرية سنجل في رام الله. pic.twitter.com/Lx6866i8dd
— الجرمق الإخباري (@aljarmaqnet) July 11, 2025
Насилството меѓу доселениците драматично ескалираше во последните години. Некои земји најавија санкции против доселениците вклучени во вакви активности.