Душко Вескоски на местото на Сања Лукаревска во УЈП


Поранешниот директор на Водовод, Душко Вескоски, како што дознава ТВ21 најверојатно ќе биде иден директор на Управата за јавни приходи на местото од актуелната Сања Лукаревска, која пак ќе го наследи местото на Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупција.Лукаревска вчера за ТВ21 ги коментирaше овие најави.

 

„За владиниот кабинет, неговиот состав и кадровската понуда ќе се дискутира на следната седница на Центалниот одбор на СДСМ која ќе биде по новогодишните празници, така што заеднички сите ќе ги носиме тие многу битни од друга страна сензитивни одлуки за државата“, потенцираше Лукаревска.

 
Утре новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски го добива мандатот од претседателот Стево Пендаровски, по што започнува да тече рокот од 20 дена за состав на нова Влада и програма која подоцна треба да се гласа во Собранието. Според најавите, Македонија нова Влада треба да добие до средината на јануари.