Дури 70 отсто од компаниите во Дубаи пред банкрот


Запрепастувачки 70 проценти од компаниите во Дубаи очекуваат дека во наредните шест месеци ќе ги затворат своите бизниси, бидејќи пандемијата од Ковид – 19 и мерките за ограничување на движење воведени поради вирусот ја намалија побарувачката, покажуваат резултатите од најновото истражување, објавено денеска, спроведено од Економската комора на Дубаи.

Институцијата анкетурала 1.228 генерални директори во голем број сектори во периодот од 16. до 22. април, за време на најригорозните мерки за ограничување на движењето на луѓето, а дури три четвртини од анкетираните биле мали претпријатија со помалку од 20 вработени, пренесува „Си Ен Би Си“.

Повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека се под закана на умерен или висок ризик да стават клуч на своите бизниси во наредните шест месеци. Поточно, околу 27 проценти рекле дека очекуваат дека ќе ги затворат фирмите наредниот месец, а 43 отсто дека тоа би го сториле во наредните шест месеци.