Дубаи преплавен од туристи – ја плати цената со зголемен број новозаразени

Дубаи во последните неколку недели беше една од најголемите атракции за туристите од Европа, на кои им здосадија повеќемесечниот локдаун и студените зимски температури.
Откако десетици илјади посетители се слеаја на градските улици во Дубаи, почнаа да растат и бројките на новозаразени – покрај мерките за претпазливост со кои властите сакаа да го спречат ширењето на Ковид-19.
Иако има се повеќе заболени, славни личности и инфлуенсери и понатаму на социјалните мрежи го прикажуваат Дубаи како сончев рај за време на зимскиот период во кој човек се чувствува слободно, што пак, предизвика огорчување и критики кај британските државјани на кои им е кажано дека е подобро да останат дома и да не патуваат.
„Во Европа сите се заклучени дома, студено е и сиво. Дубаи е единствено место каде може да патувате, па стие одат таму. Сончево е, може да излезете во ресторани. Секако тоа ќе ги разбесни оние кои мораат да останат дома додека другите уживаат во животот“, рече Данката Ема Матилде, која последните месеци често го посетувала Дубаи.
Голем пораст на новозаразени
Минатиот месец во Обединетите Арапски Емирати забелеажни се 80.000 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка надмина 290.000. Кон крајот на јануари имало и по 4.000 новозаразени дневно, поради што и болниците беа оптоварени.
Според податоците на Worldmeters, во ОАЕ во текот на август имало 200 до 300 нови инфекции дневно, за во септември и октомври тој број да порасне на околу 1.300. Значителен скок во бројот нови случаи се случува на почетокот на јануари кога бројот на новозаразени нагло расте на 3.000 дневно. На самиот почеток на февруари има по 4.000 дневно, а последните денови таа бројка се движи околу 3.200.
Не е виновен само туризмот?
Но некои стручњаци сметаат дека туризмот не е единствениот виновник за ваквата епидемиолошка ситуација. Жители на Дубаи се околу 85 отсто иселеници, од кои многумина во декември го посетија родниот крај за да бидат со семејствата за празниците.
Докторката Селија Ентони од клиниката „Астер“ во Шарџах, наведува дека случаите на зараза со Ковид-19 во ОАЕ биле многу ниско, потоа во септември и октомври почнале да растат, во ноември биле на стабилно ниво, а пораснале кон крајот на годината.
Скокот, смета Ентони, всушност е неизбежна последица од движењето на населението и доадав дека пбројките пораснале и поради зголеменото тестирање.