Државјаните на Македонија во Бугарија сепак со ковид сертификат и ПЦР тест
Граѓаните на Северна Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарската министерка за здравство Асена Шербезова.
„Од четврток, 20 јануари, за државјаните на Република Северна Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои пристигнуваат од земја-членка на Европската унија, од Европската економска област, Швајцарија, Велика Британија и Северна Ирска, дозволен е влез на територијата на Бугарија со приложување валиден дигитален ЕУ-сертификат за Ковид за вакцинација или прележана болест, со негативен резултат од ПЦР тест до 72 часа пред влез“, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.