Драматично во Германија


 

Во Германија, бројот новозаразени со корона вирусот за еден ден драматично порасна на повеќе од 8.000, што во таа земја последен пат е регистрирано на 21 мај.

Здравствените установи во последните 24 часа, до Институот „Роберт Кох“ пријавија 8.324 новозаразени, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден.

Во текот на последните 24 часа починаа 22 лица, што исто така е раст, имајќи во предвид дека пред една недела имаше 14 починати пациенти кои биле заразени со корона вирус.