Драма на хрватските ватерполисти во авион на враќање од Белград: Луѓето врескаа, повраќаа..


Фото: Б. Грданоски

Ватерполистите на хрватскиот ватерполо клуб „Југ“ доживеале големи непријатности на летот од Белград до Тиват, кога гром удрил во авионот со кој летале.

Според порталот „Дубровник нет“, ватерполистите и управата на клубот летале со авион на „Ер Србија“, кога околу 14 часот, при слетување на аеродромот во Тиват, удрил гром во леталото.

„Колку пати сум летал во животот, но никогаш не го доживеав тоа што ни се случи вчера. Луѓето повраќаа, врескаа, неконтролирано стануваа од седиштата и врескаа дека мора да излезат“, изјави директорот на ВК „Југ“ Огњен Кржиќ (52 ) за „Дубровник нет“.

Кога пилотот забележал дека не може да слета на пистата, тогаш почнале проблемите.

„Пилотот забележа дека не може да слета затоа што само што ја допиравме пистата, авионот повторно се креваше. Правевме кругови околу аеродромот, а ужасното време си поигра со нас. По половина час конечно слетавме и тогаш во авионот удри гром“, кажа Кржиќ.