Драма на аеродромот во Дубровник: Турски „ербас“ слета со отворени врати


Илустрација

 

Вистинска драма се случи утрово на аеродромот во Дубровник, Хрватска, кога авион „ербас“ A320-232 на „Туркиш ерлајнс“ пријави проблем со хидрауличниот систем на шасијата.

Како што јави порталот „Авиорадар“, пријавено е дека авионот слетал со отворена врата за патници и кај просторот за багаж.

Иако, сите итни служби се ставени во состојба на подготвеност, авионот безбедно слета утрово околу осум часот, без какви и да е интервенции.