Дополнителните интервенции од Владата ја санираа состојбата во делот на тутунот


Дополнителните интервенции што ги направи Владата ја санираа состојбата, вбризгаа пари кај граѓаните и течат сеидбените сезони и во делот на производстовото на грозје и во делот на производството на тутун, затоа што успеавме и во овие две значајни гранки од земјодеслтвото да им се најдеме на нашите граѓани и да им помогнеме со конкретни опипиливи пари, во време на пандемија најдовме пари за граѓаните, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески во врска со откупната цена на тутунот.

– Владата односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секоја година меѓу 30 и 32 милиони евра се исплаќаат субвенции, а во ваше време меѓу 22 и 24 милиони евра. Ја подигнавме цената на 80 денари прва класа, не останува не откупен тутун. Во 2017 година цената е 217 денари, 2018 година 220 денари, 2019 година цената 220 денари. Тутунопроизводители со просечна цена од 220 денари на 25 милиони килограми инкасираат 100 милиони евра и дополнително 32 милиони евра субвенции. Оваа година заради тоа што беше низок квалитетот, стојат залихи на големите меѓународни корпорации што работат  со ферментиран тутун, се јави проблемот како со грозјето, така и со тутунот, рече Заев,

Владата, наведе премиерот, ги даде субвенциите и дополнително уште пет милиони евра, со кои постигнататa цена се нивелира и во просек се  израмнува на 180.

– Ако последната четврта класа што се откупи, а беше заостаната, благодарение на упорноста, пред се на министерот и заменикот минситер за земјодеслетво и сите служби таму што работат, лично јас бев вклучен, приватните компании дополнително за 500 милиони денари купија тутун. Државата дополнително даде 100 милиони денари на тутунски комбинат Прилеп да се откупи и тоа што е последната класа, но и тој тутун се откупи и немаше повеќе основи за протест затоа што направивме се и во вакви тешки години. Три одлични години, четвртата е потешко и за време на пандемија се случија директните интервенционизми на државата заради тоа што постои за граѓаните, појаснуваше Заев.

Покрај субвенциите што се меѓу 30 и 32 милиони евра секоја година и навремено се исплаќаат во април секоја година, потенцира тој, дополнителни пет милиони евра односно 300 милиони денари, дополнителни 100 милиони денари на Тутунски комбинат да направи интервенционизам да го собере и тој тутун посебно заостанат во Долненескиот крај и мал дел во Прилеп.

– Дополнителни 500 милиони денари од компаниите и мора да се најде добра соработка за да им се најдат кога им треба на тутунарите го откупија целиот тутун. Како со винското грозје, така и со тутунот државата потроши повеќе пари од вообичаено, но нема дилеми ги вбризга кај нашиот народ, заота што тутунопроизводителите 80 проценти од нив само од тоа живеат. Тие пари се враќаат назад кон државниот биуџет, рече Заев.

При тоа, истакна Заев, сме одличен пример во сите реформи според Светска Банка и ММФ преку нашите мерки за помагање на граѓаните, во овој случај на тутунопроизводителите, тоа е докажано во сите меѓунаордни извештаи.

Најави дека ќе се продолжи со развивиање мерки за помош на граѓаните, на работниците, и на стопанството, затоа што улогата на извршната власт  ја сфатиле дека треба да бидат сервис на граѓаните и на стопанството.